еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Таргет Тврдина“ одложено за да Мијалков присуствува на јавната седница за неговиот притвор

На 13 декември продолжува рочиштето за „Таргет Тврдина“ на СЈО во кое првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на обвинетиот Мијалков побара одлагање поради закажаната јавна седница на Кривичниот совет кој треба да одлучува по жалбата за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, поднесена на 1.12.2018 година.

Претседателката на Судечкиот совет Џенета Бектовиќ по консултација со поротата го прифати барањето и го одложи судењето.

На денешното судење требаше да продолжи вкрстеното испрашување на сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој на претходното рочиште во својата изјава ја објасни целата постапка на откривањето и изнесувањето на прислушкуваните разговори од УБК до Зоран Верушевски кој, пак, е исто така повикан за сведок за некои од наредните рочишта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова средба без прогрес: Бугарија сака да наметне свој поглед на минатото, велат од македонскиот тим од заедничката Комисија

Редакција

Заразените од корона вирусот и лицата во самоизолација ќе гласаат од дома на 13 јули

Редакција

Владата ќе ги едуцира граѓаните како да штедат струја

Редакција