еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Тендери“ одложено за 6 декември, судиите имале друг предмет за судење

Денешното рочиште за случајот на СЈО „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, е одложено за 6 декември.

Судењето е одложено, бидејќи судиите што судат во овој случај денеска имале судење за предметот „Топлик“.

Случајот „Тендери“ се наоѓа во доказна постапка. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина, не во Хаг

Редакција

Министерството за правда немало ингеренции да го спречи отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис III“

Редакција

Починаа 22 лица од Ковид-19, најмладите на 47 и 48-годишна возраст

Редакција