еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ на СЈО продолжува во среда

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува во среда, откако денеска во Основниот кривичен суд се одржа првото рочиште по едномесечната судска ферија.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапникот на обвинението Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“ што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, присуствуваше на денешното рочиште, но не даде изјава за медиумите. Таа е повикана утре во Јавното обвинителство да даде исказ за случајот „Рекет“.

Одбраната, на почетокот на денешното рочиште, побара одложува поради новонастанатата ситуација и оставката на СЈО Катица Јанева, но судијата Шабани, рече дека се исполнети сите услови за одржување на денешното рочиште.

„Од страна на одбраната нема никаква намера за одложување со оглед дека се сите присутни, но сметам дека со оглед на новонастанатата ситуација е потребно да се одложи денешното рочиште и да се даде шанса на правдата и на случајот“, изјави адвокатот Петар Василевски.

На крајот од денешното рочиште, обвинетиот Едмонд Темелко го извести судот дека на 14, 15 и 16 август ќе биде на лекување во Корча и нема да може да присуствува на следното рочиште. Судијата Шабани, посочи дека, за тоа мора да го извести судот со писмен поднесок.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжи судењето за „Титаник“: Одбиено барањето за одложување поради „Рекет“ и оставката на Јанева

Продолжува судењето за „Титаник“ кој го води Лиле Стефанова од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пописот ќе чини 8,5 милиони евра: Ќе има графа за етничка и верска припадност

Редакција

Пендаровски и членовите на неговиот Кабинет ќе земат плата за јануари, најдено е решение

Редакција

Филипче: Поради доцнење на испораките, ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини против Ковид-19 од Кина

Редакција