еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Титаник“ одложено оти не дојдоа обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски

Судењето за изборни нерегуларности за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 5. јули, откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Јанакиески и Божиновски се наоѓаат во домашен притвор. Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.000 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската армија 108. во светот, прва е армијата на САД, а втора на Русија

Редакција

Ќе се испитува случајот со смртта на 41-годишната пациентка во Штип која барала кислород, а не добила одговор од сестрите

Редакција

Лажни дојавите за бомби во училишта во Скопје, Куманово и струшко

Редакција