еМагазин
Image default
Македонија

Поради отсуство на судијата Шабани, судењето за „Титаник“ одложено за 13. мај

Судијата Огнен Ставрев на денешното рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наведе дека судењето се одложува за 13. мај.

Имено, Ставрев истакна дека одложувањето е поради оправдано отсуство на судијата Осман Шабани, кој е дел од судечкиот совет.

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази. Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Таргет-Тврдина“: Како Лазаревски ги копирал податоците кои му ги предавал на Верушевски

Редакција

Oд денеска почнува аудио-снимањето на судските расправи

Редакција

Одложено судењето за „Монструм“, еден од поротниците има Ковид-19

Редакција