еМагазин
Image default
Македонија

Преслушани 80 „бомби„: Судењето за „Титаник“ продолжува на 26 ноември

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 26  ноември, откако на денешното рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година.

Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборте, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.

Во разговор од 11 април 2013 година  Миле со Н.Н лице разговара за ситуаицјата во ДИК и колку од поднесените приговири им се прифатни и што може да направат за тоа.

Од аудио разговорите се слушаше како во општина Центар има околу 5.000 пензионери гласачи и оти треба нешто да пробаат да направат околу тоа.

Потоа, во разговор од 19 април на Миле Јанакиески, непознато машко лице од месните комитети на партијата му предлага начин како пензионерите од Центар да ги однесат некаде за да бидат на денот на гласањето. Соговорникот му вели на Миле „ќе им кажеме до дванаесет, еден се враќаме, а ќе ги вратиме покасно“.

Од бомбите можеше да се чуе и како Јанакиески разговара со директори на фирми и бара начин како вработените кои гласаат во Центар доколку не биле сигурни гласачи, подобро да им биде кажано да не излезат на гласање.

На почетокот на денешното рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се преслушани околу 950 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бомби“ на судењето за „Титаник“: Јанакиески проверува кој гласал, Јанкулоска му се жали дека Албанците победиле секаде каде што имало мешано население

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најави лидерска средба, Мицкоски нема да учествувал ако поканата дојде од Пендаровски

Редакција

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

Редакција

Здравствен центар Врање: Одобрено е давање трета бустер доза на вакцина за македонските државјани

Редакција