еМагазин
Image default
Македонија

Се читаа СМС пораки помеѓу Јанакиески и Шамбовски: Судењето за „Траекторија“ продолжува на 5 февруари

Судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 5 февруари.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

На следното рочиште ќе треба да биде изведена смс-комуникација на Владимир Пешевски, по што следуваат економски вештачења од СЈО и одбраната.

На денешното рочиште се читаше СМС комуникација помеѓу ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и други лица, меѓу кои и тогашниот амбасадор на Македонија во Кина Оливер Шамбовски.

Комуникацијата е во периодот 2012-2013 година и се однесува на договарањето на кинеските компании и кредити за изградба на автопатските делници.

Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелр штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 216 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

Редакција

Претседателот Стево Пендаровски вработува три посебни советници, плата до 50.000 денари

Редакција

Низ кои три фази би требало да оди постапката за уставните измени

Редакција