еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Тврдина 2“ одложено за 5. април

Судењето за предметот „Тврдина 2″ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, како и шест вработени во УБК, е одложено за 5 април.

Судијката Елена Илиевска Јосифовиќ ја одложи денешната расправа поради недоставената пресуда на Врховниот суд на Грција од страна на Министерството за правда на Северна Македонија.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.

Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема место за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во Куманово, Струмица и Велес, ограничени капацитетие и во Скопје

Редакција

НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија, откри Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: И по Мира Дизел доаѓа Милева Ѓорѓиева

Редакција