еМагазин
Image default
Македонија

Судијата нареди Трајковски присилно да биде донесен во Судот, судењето за ТНТ продолжува утре

Судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ” продолжува утре, откако на денешното рочиште повторно не се појави обвинетиот Тони Трајковски.

Ова е второ непојавување на обвинетиот Тони Трајковски, откако поради немање уредна покана, тој не се појави и на вчерашното рочиште.

Судијата Огнен Ставрев, рече дека Судот го смета за уредно поканет, иако неговиот адвокат Јовица Страшевски, рече дека немал добиено покана за денешното рочиште.

– За Тони Трајковски за следното рочиште има наредба до МВР за присилно спроведување на Суд, а доколку вака продолжи ќе има уште построги мерки, рече Ставрев.

Адвокатот Страшевски, по завршување на рочиштето, изјави дека имаат доставено две адреси, една по лична карта и една по место на престој и дека навистина не знае како Судот издава наредба за полициско спроведување.

– Има законски основ како се доставува покана, изјави Страшевски.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште го претстави новиот состав, во кој сега има тројца нови судии поротници, меѓу кои еден е резервен.

Случајот почнува од почетокот со нов состав на судечкиот совет. Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 13 лица од Ковид-19, вкупно 3.111

Редакција

Митко Чавков не сака амнестија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на 12 декември

Редакција