еМагазин
Image default
Македонија

Судијата од Управниот суд се повикал на судиски имунитет по барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор

Судијата од Управниот суд, осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација, се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да му одреди притвор, информираат од Кривичниот суд.

-До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден е доставен предлог за определување мерка притвор за едно лице – судија во Управен суд на Р.С.М. заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в. со ст.3 и в.в. со ст.1.

Со оглед да се работи за судија кој се повикал на правото на судиски имунитет, до Судскиот совет на Р.С.М., како надлежен орган, е доставено барање за одобрување мерка притвор, имајќи го во предвид правото на судиите во вршење на судската функција и уживање имунитет, а согласно член 100 од Уставот на Р.С.М. во врска со амандманот 27 и 29 и член 65 од Законот за судови.

Откако Судскиот совет ќе се произнесе по барањето на Кривичниот суд, судија на претходна постапка ќе одлучува, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судија на Управен суд под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците и никој не може да ги надомести, велат од МОН

Редакција

Македонската армија вработува 125 професионални војници

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм”

Редакција