еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Оља Ристова изземена од предметот „Титаник 3“ на СЈО

Претседателот на Кривичниот суд Скопје, Иван Џолев го прифати барањето на судијката Оља Ристова  за нејзино изземање од предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) означен како „Титаник 3“.

-Постапувајќи по барање за изземање на судијата Оља Ристова од предметот со К.бр. 1905/17, офорем по обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, а означен како „Титаник 3“,  поднесен лично од судијата, претседателот на Судот донесе решение со кое по извршениот увид во предметот и изјавата на судијата согласно  член 36 ст. 1 и член 33 ст.2 од ЗКП  го усвои барањето, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

Како што е посочено, судијата Оља Ристова во барањето наведува дека на емисијата „КОД“ на телевизија Телма од 27.01.2019 година, јавната обвинителка Катица Јанева дава изјава во контекст на наводните закани од еден од бранителите во конкретниот предмет упатени кон обвинител од  надлежното обвинителство.

-Во таа насока, Јанева во својата изјава бара од новинарите и јавноста будно да го следат овој предмет, бидејќи судот, како што вели, не ги прифатил овие наводни закани како сериозни и не презел мерки во тој правец, како и тоа дека не е воспоставен соодветен ред во судницата. Во однос на оваа изјава, судијата Ристова смета дека со ваквото неосновано медиумско влијание за предмет за кој и онака секоја расправа се одвива во присуство на претставници на медиуми, невладини организации и меѓународни претставници во земјата, се врши директен притисок и се доведува во прашање нејзината независност и непристрасност во постапувањето, што отвора сомнеж во јавноста, се наведува во соопштението од Судот.

Оттаму посочуваат дека и Судот овие изјави на СЈО, ги разбира како обид за директен притисок врз судијата, иако медиумското следење на предметот од поднесување на обвинителниот акт преку неговата оценка и отпочнување на главната расправа се одвива со постојано присуство на медиумите и соодветни известувања за јавноста.

Судот смета дека во постапката на овој предмет судијата има излезено во пресрет во однос на сите барања на странките, а редот во судницата никогаш не бил доведен во прашање.

-Сепак заради отстранување и на најмал сомнеж за пристрасност, а имајќи ги предвид изјавите на судијата Оља Ристова и наводите на СЈО во однос водењето на постапката од страна на судот, се одлучи во смисла на член 36 ст. 1и член 33 ст. 2 од ЗКП и барањето за изземање беше усвоено, велат од Судот..

Предметот согласно АКМИС – системот ќе биде распореден на понатамошно постапување кај друг судија, а по насрочена главна расправа јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Во „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фатиме Фетаи стои зад тоа што го кажала, вели дека за заканите има уште еден сведок

Адвокатот на Алими од ДУИ бара јавно извинување од Фатиме Фетаи

Обвинетите Алими и Гури од ДУИ му се заканувале дека ќе му ја расплачат фамилијата на каурот Бубевски од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески, Димовски и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за изборни нерегуларности, „Титаник“

Редакција

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција

Тројно убиство во Дебар: Со пиштол им пресудил на родителите и 14-годишната ќерка

Никола Осило