еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Весна Димишкова повикана во Обвинителство за „Рекет“

Судијката Весна Димишкова денеска е повикана да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Димишкова, која беше спомнувана во снимените разговори поврзани со случајот „Рекет“, повикана е во Обвинителството како лице кое дава потребни известувања.

Судењето за случајот „Рекет“ е закажано за 3 декември, кога на обвинителна клупа ќе седнат обвинетите Катица Jанева, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

Поранешната специјална јавна обвинителка Јанева вчера го напушти затворот Скопје и замина во куќен притвор откако скопскиот Апелациски суд донесе одлука со која ја уважи нејзината жалба и и одреди мерка куќен притвор.

Во куќен притвор од 24 септември е и Зоран Милевски, а во затворот Скопје остана првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска најави финансиска истрага за судиите исккои ја пуштија Јанева во домашен притвор

(ВИДЕО) Каде Катица Јанева ќе биде во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестмина не ја почитувале мерката за изолација, заштитна маска не носеле 975 лица

Редакција

Иванов не може да даде помилувања за „27 април“, ќе го прекрши Уставот и законите, велат од Владата

Редакција

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го цензурирал говорот на Христијан Мицкоски во Кичево

Редакција