еМагазин
Image default
Македонија

Судот го замрзна имотот на Камчев и други осомничени во „Империја“

Судија на претходна постапка, постапувајќи по барања на СЈО за привремено одземање на имот заради обезбедување во случајот „Империја“, судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката, информираат од Кривичниот суд.

Од Кривичниот суд соопштија и дека судијата на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица.

Во однос на решенијата на судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство во овој предмет, во текот на денот до судот доставени се жалби од одбраната кои веднаш се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор Кривичниот совет дополнително ќе одлучува по нив.

Во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Империја“ пет лица добија 30-дневен притвор. Во затворот „Скопје“ во Шутка се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на ЗК „Пелагонија“, Цветан Панделески, и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.

Во „Империја„ се гонат 13 лица. Покрај петтемина кои добија притвор, осомничени се и Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Империја“ “испрани“ најмалку 10,9 милиони, македонскиот буџет оштетен за 6,2 милиони евра

Случај „Империја“ на СЈО: Замрзнат имотот на Орка холдинг и Ексико

Камчев синоќа пренесен во Шутка: Притвор за дел од петмината во „Империја“

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест лица од новопочинатите од Ковид-19 биле на возраст од 50-59, а две од 40-49 години

Редакција

„Хит“ на Фејсбук: Мицкоски го бранеше Гоце Делчев на профилот на Заев

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти, суспектни и болни од Ковид-19

Редакција