еМагазин
Image default
Македонија

Судот неможел да го најде ни дома, ни во Влада: Верушевски не дојде да сведочи за „Таргет-Тврдина“

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се одложува за 23 септември поради отсуство на сведок предложен од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Судијката Џенета Бегтовиќ на почетокот на денешното рочиште информира дека сведокот Зоран Верушевски, не е присутен, наспроти напорите на судот да го извести на адресата на живеење и на работното место во Влада.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК, предложен о СЈО.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема одење дома со службено возило и возење за лични потреби, одлучи Владата

Редакција

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Редакција

(Фото) Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорчев му оддаде почит на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш

Редакција