еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судот во понеделник повторно ќе се обиде да му го достави решението на Груевски

Судот во понеделник ќе прави нов обид да му го достави решението на порнешниот премиер Никола Груевски за отслужување на затворската казна од две години за предметот „Тенк“ или ќе му го врачи на рака во судот каде тој доаѓа на рочиште за друг предмет, информираат од Кривичниот суд за МИА.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието на Република Македонија вчера не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски топ тема во регионалните медиуми: Бившиот премиер на Македонија оди во затвор

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Новинарите не го дочекаа Груевски пред затвор: Судските служби не го пронашле за да му достават решение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Екатимерини“: Мицотакис побарал од Заев да се почитува Преспанскиот договор ако земјата сака во ЕУ

Редакција

Најмалку шест лица уапсени во голема полициска акција за апсење криумчари на мигранти

Редакција

(Видео) Македонката уапсена на Миконос за шверц со дрога е ќерка на поранешен пратеник и градоначалник

Редакција