еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судските постапки нема да запрат поради корона вирусот освен кај ретки исклучоци

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда денеска препорача продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

„Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство.

Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Во судовите и јавното обвинителство, како што велат од Министерството за правда, очекуваат да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата

Денес се огласи и Основниот граѓански суд – Скопје, од каде ги негираа наводите дека во овој суд се одлагаат рочиштата поради превенција за ширење на болеста COVID 12 (коронавирус).

Воедно, оттаму потенцираат дека се одлагаат само оние рочишта каде од страна на странката е даден предлог за одлагање, односно за кои одлагањето е предвидено согласно одредбите од Законот за парнична постапка, како и оние рочишта кај оние судии кои се опфатени со мерките на Владата за ослободување од работни обврски.

„Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 10 судии и тоа на тројца судии кои се во самоизолација поради патување во странство, на пет судии кои ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години и на двајца судии кои се хронично болни“, се вели во соопштението на Основниот граѓански суд – Скопје.

Истовремено оттаму посочуваат дека тие во целост ги применуваат заклучоците од Владата.

Од Судскиот Совет, пак, препорачаа до граѓани кои се странки во судски постапки, да се јавуваат во судските органи само ако тоа е неопходно, односно задолжително.

„Исто така, известуваме дека таму каде што се исполнети законски услови, судењата ќе продолжат по нормален тек. Таму каде што интересот на јавноста е поголем, се препорачува истите да продолжат, но седниците да се следат со редуцирано физичко присуство на јавноста, без притоа да се наруши на јавноста во судските постапки“, се вели во соопштението на Судскиот Совет на РСМ.

Воедно, од таму наведуваат дека таму каде што има можност, на јавноста треба да и се овозможи следење на седниците со употреба на информатичка технологија преку видео стриминзи и слични.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Србија поради корона вирусот ги пломбира границите со соседите: Затвори 44 гранични премини

Канадскиот премиер Џастин Трудо во самоизолација, неговата сопруга со симптоми на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Не го чепкајте МКЦ“: Твитер реакции за најавата Бени Шаќири да биде нов директор на МКЦ

Редакција

(Фото) Ист Гејт Мол: Поплавата настана поради несоодветна и нефункционална атмосферска канализација на булеварот Александар Македонски

Редакција

Захариева: За да Македонија влезе во ЕУ и НАТО не треба да ја краде историјата на соседите

Редакција