еМагазин
Image default
Македонија

Судството „рак-рана“ на општеството: Граѓаните со најмногу поплаки од него

Граѓаните поднесуваат помеѓу три и четири илјади претставки годишно до Народниот правобранител, а само за десетте месеци од тековната година се поднесени над 3.100 претставки, информираше денеска Народниот правобранител Иџет Мемети, кој учествуваше на јавниот настан „Народниот правобранител и локалната власт: подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.

Тој додаде дека во вкупниот број претставки многу мал е бројот на тие што се однесуваат на локалната власт, а многу голем е тој што се однесува на централната.

– Најмногу од претставките се однесуваат на судската власт. Граѓаните најмногу се жалат на таа власт. Понатаму следуваат потрошувачките права и другите права како што се од работен однос, социјалните права и други- рече Мемети.

Според него, голем е процентот на препораките што се прифаќаат од страна на прекршителите на правата на граѓаните.

-Од 1.100 констатирани повреди, околу 1.000 наши препораки се прифаќаат со што успеваме на многу наши граѓани да ја попречиме повредата или да им ја санираме. Но, од друга страна, нашите општи препораки се проблем. И тешко таму се пробива мразот властите да ги прифатат и спроведат нашите препораки – смета Мемети.

Одоговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од буџетот кој е планиран од страна на Владата за Народниот правобранител за идната година, Мемети рече дека е задоволен и оти се усоглосени со Владата и Министерот за финансии. Планираните средства се доволни за вршење на работата и им се одобрени средства за прием на нов кадар во инстутуцијата.

Настанот се организираше во рамки на проектот „Граѓанскo набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО „Инфоцентар“, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Редакција

Двајца новопочинати од корона вирусот, вкупно до сега 147

Редакција

За француската државна секретарка за Европа, влезот на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна, но не е нереална цел

Редакција