еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сулејман Реџепи ја предупредил Владата: ИВЗ нема да го почитува полицискиот час

Поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ) Сулејман Реџепи во писмено обраќање на 18 мај годинава побарал од Владата, Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести да не се воведува полициски час за престојниот викенд, бидејќи со таков чекор овие органи ќе ја загубат довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори.

Тој во писмото пишува дека ИВЗ нема намера да се откаже на традиционалниот намаз за Фитер Бајрам во џамиите поради полицискиот час.

Содржината на писмото Ви ја пренесуваме во целост:

„Исламската Верска Заедница на РСМ секогаш била и ќе биде за тоа да се почитуваат сите препораки и мерки донесени од страна на надлежните органи за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19.

Во овој правец бевме првите, како институција која што ги откажавме колективните молитви во верските објекти – џамиите, со единствена цел да се заштити здравјето на населението.

Како што сте информирани, Ријасот на ИВЗ, на 7 мај годинава донесе одлука за повторно отворање на џамиите за обавување на молитвите на колективен начин, почитувајќи ги сите мерки донесени од Ријасот на ИВЗ.

Целата јавност, исто така и вие, сте сведоци како до последно се почитуваат сите препораки, во сите џамии во државата, со што верниците покажуваат висока дисциплина и култура, за што треба да им се заблагодариме.

Во недела (24 мај 2020) е празникот Фитер Бајрам, кој воедно е и државен празник. Истиот ден е националниот празник Св. Кирил и Методиј. Има информации дека во недела, денот кога се празнуваат овие два празници ќе има полициски час.

Компарацијата помеѓу овие два празници е нелогична, бидејќи едниот е национален, а другиот верски.

Воведувањето на полицискиот час како што се најавува ќе ги иритира верниците од исламската заедница, бидејќи цел месец по ред во ниту еден викенд не беше воведен полициски час, нешто што автоматски ова се подразбира дека оваа намерно се прави за да не се дозволи обавување на намазот на Фитер Бајрам кој се обавува еднаш годишно, и трае само 15 минути. Додека утринскиот (сабах) намазот ќе се обавува дома.

За Ваша информација, поради пандемијата, Ријасетот на ИВЗ се откажа од организирањето на традиционална централна манифестација по повод Фитер Бајрам, но нема да превзема одговорност врз себе за откажување од обавувањето на намазот на Фитер Бајрам во џамија.

Ако се воведе полициски час целиот викенд, тогаш вие како компетентни органи, ќе ја изгубите довербата од сите верници од исламската вероисповед, имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори.

Додека ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар над грб за откажување намазот на Фитер Бајрам во џамија.

Ви гарантираме дека во текот на обавување на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират за обавување на дневните намази, за кои досега не сме добиле никаква забелешка од Ваша страна. Се надеваме на Вашето разбирање,“ пишува во писмото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен „празничен“ полициски час од 19 часот во сабота до 05 часот во вторник

Од 12. мај се отвараат џамиите, одлучи ИВЗ

Филипче до МПЦ и ИВЗ: Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Најтажните црковни ѕвона над Пехчево

Редакција

(ВИДЕО) Не сум ни помислил, а камоли да планирам да бегам, изјави Мијалков пред две години

Редакција

Мицкоски бара изборите да се одржат на средината на јули

Редакција