еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Султан“ партии: Каква моќ има Зоран Заев во СДСМ

Како Македонија да стане подемократско општество, кога политичките партии во земјава не се демократизираат самите себе. Водечките партии во земјава експертите ги нарекуваат и „султан“ партии, пред се поради големата моќ која ја имаат нивните лидери.

еМагазин во серијал користејќи ги статутите на партиите ќе Ви пренесе каква моќ имаат и уживаат партиските лидери на најголемите партии во Македонија.

Колкава моќ има Зоран Заев?

Поранешниот премиер, Зоран Заев е актуелен претседател на владејачката СДСМ.

Неговите права се утврдени во членот 31 од Статутот на партијата.

Според овој член, Заев го претставува и застапува СДСМ и раководи со партијата меѓу седниците на неговите органи.

Учествува во градењето на политиката на СДСМи ги свикува седниците на Централниот одбор, доколку на негово барање тоа не го направи Претседавачот на Централниот одбор.

Ги свикува и седниците на Извршниот одбор, а и именува и разрешува претседатели на општинските организации и претседател на градската организација на Град Скопје, по претходно утврдена постапка од страна на Централниот одбор.

Предлага и заменик претседател на СДСМ и извршува и други работи што му се ставени во надлежност со општите акти и со посебните одлуки на органите на СДСМ.

Како се бира претседател на СДСМ?

Претседател на СДСМ се бира на Конгрес на партијата, со тајно гласање, кој може да го свика и самиот претседател, кој е член на Конгресот или Надзорниот и Централниот одбор.

“Изборот на претседател на СДСМ се врши по претходно утврдена постапка од страна на Централниот одбор на СДСМ по предлог од членовите на СДСМ и со самокандидирање. Кандидатот за претседател на СДСМ е должен да достави програма за работа на почетокот на кандидационата постапка до Извршниот Одбор на ЦО на СДСМ“, пишува во членот 68-а од статусот на партијата.

Мандатот на претседателот на СДСМ трае 4 години, со право на повторен избор.

Претседателот на СДСМ е член и на Извршниот и на Централниот одбор на партијата.

Тој може и да даде предлози за членови на одборите на партијата.

Како се разрешува претседател?

Разрешувањето на претседателот на СДСМ не е стрикно дефинирано во Статутот на партијата.

Инцијативата за евентуално разрешување на претседателот на партијата може да ја покрене Централниот или Извршниот одбор, но не е прецизирано во кои се случаеви може тоа да се направи и поради кои причини, освен генералните како оставка.

“Доколку се изгласа недоверба на претседателот на СДСМ, во рок од 30 дена се свикува Конгрес, со нов избор на сите органи на СДСМ, избрани од Конгресот, чиј мандат трае 4 години“, стои во членот 74 од статусот.

Целиот Статут на СДСМ погледнете го ОВДЕ.

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да спасиме два млади животи на кои треба да им се донираат бубрези

Редакција

Продолжен куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

Редакција

Во Белград Конференција за инвестиции во енергетиката во Западен Балкан

Редакција