еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Султан“ партии: Колкава моќ има Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ

Како Македонија да стане подемократско општество, кога политичките партии во земјава не се демократизираат самите себе. Водечките партии во земјава експертите ги нарекуваат и „султан“ партии, пред се поради големата моќ која ја имаат нивните лидери.

еМагазин во серијал користејќи ги статутите на партиите ќе Ви пренесе каква моќ имаат и уживаат партиските лидери на најголемите партии во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Султан“ партии: Каква моќ има Зоран Заев во СДСМ

Колкава моќ има Христијан Мицкоски?

Актуелниот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски неодамна во гостување на „Топ тема“ на телевизијата Телма потврди дека ќе се менува Статутот на партијата, која има и почесен претседател, поранешниот лидер и премиер, Никола Груевски, кој избега во Унгарија и стана политички азилант.

Тој рече дека анализата на Статутот е готова, а измените ќе биле имплементирани по изборите.

Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата е и претседател и на Централниот комитет (ЦК) и на Извршниот комитет (ИК).


“Тој ја преставува и застапува партијата, претседава на седниците на ЦК и ИК и годишно Собрание.

Донесува политички и други одлуки во име на партијата.

Донесува одлука за назначување на потписници на жиро-сметката на партијата.

Номинира кандидати за избор и предлага разрешување на потпреседатели и генерален секретар на партијата“, стои меѓудругото во член 25 од Статутот на партијата.

Како се избира

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ се избира со тајно гласање на Конгрес.

Кандидатот за претседател можат да го предложат најмалку 30 делегати на Конгресот.

Мандатот на претседателот му е 4 години и претседателот има право на реизбор.

Како се разрешува

Предвремен престанок на мандатот на претседателот настанува во случај на смрт, оставка или трајна спреченост да ја врши функцијата, пишува во Статутот.

Во Статутот не е прецизно дефинирано во кои случаи претседателот може да биде разрешен.

Доверба на претседателот може да му се гласа на вонреден Конгрес, кој може да го свикаат 2/3 од членовите на ЦК, стои во член 19 од Статутот.

Со оставка на претседателот сите органи на партијата се во оставка, но ја вршат функцијата до избори на нови органи, пишува пак во член 20.

Целиот Статут, ОВДЕ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Редакција

ЕУ предупредува за можен бојкот на изборите, Франција останува тврда за старт на преговорите

Редакција

Не постои ниту еден акт потпишан од мене за рушењето на „Космос“, рече Јанакиески во завршните зборови за „ТНТ“

Редакција