еМагазин
Image default
Бизнис

Сума од 127 милиони евра наплатиле лани 97. извршители во земјава

Минатата година извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници. Ова, според Годишниот извештај на Комората на извршители, е реализирано само од 55,69 отсто од 112.250 барања за извршување.

Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108  евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971 евра, а од државата 15.946.914 евра.

Во Годишниот извештај наведено е дека најдобра наплата имаат извршителите од Штип и Свети Николе со реализација на наплатата на долговите од 21,12 отсто, додека најслаба наплата има во Велес, Кавадарци Неготино, каде е реализирана наплата од 5,81 од долгот.

Според времетраењето на наплатата на долгот, над една година траело извршувањето на 37.775 предмети, 4.655 предмети биле извршени за период од шест месеци до една година, 3.981 предмет се извршени за период од три до шест месеци, а за три месеци се извршени 16.061 предмет.

До Комората на извршители во текот на минатата година биле доставени вкупно 255 претставки од странки против извршителите.

„Од вкупниот број на претставки примени во текот на 2018 година, четири претставки остануваат нерешени и се префрлуваат за следната 2019 година, а три претставки префрлени од 2017 година, биле решени во 2018 година. Вкупниот број на решени претставки од страна на претседателот на КИРМ, во рамки на оваа извештајна година изнесува 254“, наведено е во Годишниот извештај.

Во извештајната година има регистрирано вкупно 97 извршители, кои се распоредени на 11 подрачја на основните судови во државава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите акционери во ТТК Банка?

Редакција

Хари Костов купи акции во Комерцијална банка

Редакција

Продаден блок акции од „Витаминка“ за 32.000 евра

Редакција