еМагазин
Image default
Македонија

Суспендиран полицаец кој порача „седете дома клошари“, пријава за прилепчанец кој лажно се престави како полицаец

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, информираше дека еден од двајцата полицајци, кои на вулгарен начин со фотографија на социјалните мрежи ги повикуваа граѓаните да не излегуваат надвор после 21 часот, рече дека е веќе суспендиран, а за неговиот колега е покрената дисциплинска постапка.

-Се работи за крајно неодговорно и несовесно однесување на двајца службеници. Јас лично дадов обврска на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да го истражат случајот.

Констатираа дека се работи за двајца службеници од ПС Ѓорче Петров. Преземени се соодветни мерки, едното лице е веднаш суспендирано, а за другото ќе има дисциплинска постапка, рече Чулев.

За третото лице кое објави фотографија на социјалните мрежи во полициска униформа, Чулев вели дека се работи за лице од Прилеп, кое не е припадник на МВР.

-Против него ОВР Прилеп поднесе прекшрочна пријава за лажно претставување и истото ќе одговара за прекршување на јавен ред и мир, рече Чулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре пациентите со коронавирусот во Македонија ќе се лекуваат со комбинација од хлоркинин и азитромицин

Од утре во Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Потврдите за ослободување од работа поради грижа за дете ќе важат до завршување на вонредната состојба

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мицкоски започнува со материјал „Ветено, неисполнето“ на Заев и СДСМ

Редакција

Во железничка несреќа во Битола тешко повредени две деца од 2 и 5 години

Редакција

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Редакција