еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Жена, хонорарно вработена во домот на Бојан Јовановски – Боки 13 денеска сведочеше на судското рочиште за случајот „Рекет. Таа одговараше на прашања од обвинителката за тоа како било уредено и кој доаѓал на гости.

„Имаше многу угледни гости. Во домот имаше повеќе слики од една галерија, но не беа платени, туку така оставени зошто доаѓаа повеќе познати личности, па повеќе има можност да се продаде некоја слика“, рече сведокот.

Прашана кој се има видено во домот на Боки 13, сведокот рече доаѓале повеќе познати личности.

„Имаат доаѓано Радмила Шекеринска, еднаш Орце Камчев, повеќе пати Зоран Милески, биле и Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила Филиповска, Сергеј, Анита Кочишки и други“, рече сведокот.

Прашана што е „чест гостин“, кога вели за Зоки Милески, сведокот рече дека тој доаѓал и по двапати на ден и слободно влегувал без да тропне.

Одбраната ја праша дали бил и министерот Венко Филипче, на што сведокот одговори потврдно, додавајќи дека дошол заедно со Камчев.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА/Фото: Фејсбук:Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новинар од 1ТВ сведочеше за „Рекет“: „Боки 13 ми нарачуваше теми за телевизијата да живее од нешто“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апел од обвинетите за насилството во Собранието: Немојте дечињата на пратениците кои гласале, да бидат под страв

Редакција

210 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот

Редакција

Почнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

Редакција