еМагазин
Image default
Македонија

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Пристап до прислушуваните броеви имаа Мијалков, Грујевски и Николиќ

Звонко Костовски никогаш не ми даваше налог на ливче или усно, да маркирам некој број. Од Надица Николиќ добивав наредба да им доделам на репродуцерите, кој од нив, кој број да го слуша, истакна сведокот Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), на денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите.

На прашање на обвинителот Трајче Пеливанов, Јанкуловски рече дека пристап до фолдерите каде биле маркираните броеви имале Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ… тие преку таа привилегија имале можност да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораките.

Сведокот ги „режел” ЦД-а со снимените разговори кои дел биде со судски наредби, а дел без. Без судска наредба и ги предавал дисковите на Надица Николиќ. Само еднаш имал барање од Горан Грујевски да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мендух Тачи и Арбен Џафери биле прислушувани под псевдоними „швалер“ и „деда“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 54 случаи на Ковид-19 од 3.087 тестирања, бројката на активни се зголеми на 613

Редакција

МАНУ си го смисли новото име

Редакција

Кои правни експерти ги повика Пендаровски за одложувањето на изборите?

Редакција