еМагазин
Image default
Македонија

Сведок за настаните од 27 април: Нухиу за Чавков „кај е овој не се јавува, ги утепаа пратениците“

Со сослушување на четворица сведоци, меѓу кои и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, утре во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Во попладневниот дел од денешното рочиште даваа исказ сведоците Ѓорѓи Симоновски и Трајче Георгиев на обвинетиот Душко Лазаров.

Душко Јанковиќ, адвокатот на Лазаров побара од Симовски да го опише неговиот работен ден на 27 април 2017 година, кој во тоа време бил член на Оперативниот штаб.

Симовски ги наведе сите тековни активности и ангажмани согласно тогашните протести во земјата. Откако биле информирани дека ќе се избира нов претседател на Собрание, а потоа и дека граѓани ги туркаат вратите, Лазаров дал наредба да се обидат од внатре во Собранието да ги затворат вратите и побарал дополнителни сили.

Рече дека потоа добиле дојава дека состојбата е смирена, а по кратко време преку радио-врска биле информирани дека граѓани ги туркаат оградите. Како што рече, Лазаров бил во напната состојба, истовремено давал насоки и до членовите на Оперативниот штаб да се зајакнат службите во Собранието.

На прашањето од Јанковиќ кој го посетил тој ден во Оперативниот штаб, Симовски одговори дека во канцеларијата пристапил тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, како и други луѓе од кои повеќето не ги познавал.

– Како што влезе Нухиу почна да вика нејасни работи: „кај е овој, не се јавува“, „ги утепаа пратениците“, „викајте специјални сили“, „да се спасат пратениците“… објасни Симовски.

Рече дека тој го информирал министерот дека двајца од лицата кои ги побарал биле на годишен одмор.

Обвинетиот Игор Југ, при вкрстено испрашување го праша Симовски дали ќе се согласи дека никој од присутните во штабот не укажал дека некој од странски служби ќе биде во Собранието, на тоа сведокот посочи дека вообичаено во Оперативен штаб членува човек од Управата за безбедност и контраразузнавање кој треба да ги има тие информации, но во тој немало никој од УБК.

Сведокот констатираше дека жалосно е тоа што се случува во Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека на 27 април имало голем пропуст.

Вториот сведок на Лазаров, Трајче Георгиев, на барањето од Јанковиќ да го опише неговиот ден на 27 април минатата година, слично како и Симовски ги опиша работните задачи пред настаните во Собранието.

Посочи дела Лазаров интензивно тој ден зборувал на телефон и се информирал за состојбата во Собранието.

Рече дека тој дознал за упадот од министерот Нухиу, кога пристигнал пред објектот на МВР.

Наведе дека Нухиу зборувал со Лазаров и му кажал дека го барал обвинетиот Митко Чавков на телефон и дека тој не му одговара, наредувајќи тоа да се стави во записник.

Фокусот на Лазаров, како што рече, бил на бројот на силите во Собранието, како и дека била пратени дополнителни сили за внатрешно обезбедување.

– Информациите беа како ситуацијата да е тензична, но под контрола. Како да имаше два прстени внатре и надвор и дека ако едниот биде срушен другиот нема. Ситуацијата ескалираше откако дојде министерот. Околу 20 часот дојде Чавков и имаше тензичен разговор со министерот. Дојдоа и други колеги, објасни Георгиев.

Судијката Добрила Кацарска наведе дека предвидено е утре да бидат сослушани четворица сведоци, додека во четврток петорица, а во петок обвинителството да приложи дополнителни докази.

Наведе дека веќе следната недела се планира обвинетите и нивните бранители да почнат со изнесување на завршните зборови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Томор Морина излегува од притвор, со мерка за претпазливост

Редакција

Милошоски: Главниот нарачател во случајот „Рекет“ е дел од власта

Редакција

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Редакција