еМагазин
Image default
Македонија

Сведокот на Боки 13, бизнисменот Тодоровиќ треба да сведочи за „Рекет“

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради отсуство на поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен, Владимир Тодоровиќ кој треба да сведочи на предлог на одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Како сведок треба да се појави Лидија Јаневска, која за вчерашното рочиште немала уредна достава на покана.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има војна 51% од македонските граѓани не би се бореле за Македонија

Редакција

За неполн месец регистрирани 25 заболени од мали сипаници во Дебарско

Редакција

СДСМ предлага по 14.500 денари за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

Редакција