еМагазин
Image default
Македонија

Сведокот Ресмије Аземи преку видео – конференциска врска на 3 март ќе сведочи за „Титаник 3”

Кривичниот суд во Скопје ги усогласил термините со Судот во Германија, преку кој треба да се реализира видео – конференциската врска со сведокот Ресмије Аземи, за судскиот предмет „Титаник 3”.

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, за МИА, изјави дека на денешното рочиште се закажани судските рочишта за 3, 16 и 18 март на кои треба да сведочи сведокот Аземи.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток.

Обвинението за овој предмет го покрена поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Аземи преку видео-врска од Германија треба да сведочи за случајот „Титаник 3“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За судиите од Кривичен немало доволно докази за напаѓачите на Радарската кула, па затоа не им одредиле притвор

Редакција

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија

Редакција

Демократски сојуз и Алтернатива го условувaат влезот на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција