еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сведоштво за пожарот во кој изгоре кафеаната „Мечка“: За година две, можеби ќе излезе на виделина промислата и зад овој пожар

Авторката Мимоза Петревска-Георгиева на нејзиниот фејсбук-профил објави статус по повод пожарот, кој синоќа ја зафати кафеаната Мечка во Дебар Маало. Во него, таа укажува на сличен пожар пред неполни две години, при што горела барака, за на нејзино место денес да „изникне“ голема зграда.

Статусот, со дозвола на авторката, го пренесуваме во целост:

„Во куќата чиешто приземје гореше живеат луѓе што ги знам. Имаат малолетни деца. Не сакам да помислам низ што се минувале. Пред годинаипол или две, гореше на 20 метри од мојата зграда. Распаѓано бараче кое наводно само се запали. Пламените беа до небо. Во околните населени куќи испукаа прозори и само што не се запалија и тие. Сега таму се гради зградурина. Се копаат темелите, се тресе земја.

Како се овие две случки поврзани? Не знам. Само знам дека животот во Дебар маало е веќе неподнослив. Не можеме да се разминеме два автомобила по тесните улички кои се дополнително затнати со паркирани. Секое паркирање и распаркирање ми е стрес и нервоза – некој ме заградил или вртам кругови по пола саат – нема паркинг место. Староседелците ставаат бетонски блокови пред нивните велезови, така се бранат од несовесни паркирачи.

Најубавата населба во Скопје се претвори во тесно грло во која наместо добарден, кога ќе се разминуваме се гледаме мрко, ржиме, се пцуеме. Летно време нема струење на воздух и ечи до небо од околниоте кафани, а зиме нема паркинг за лек. 15 години наназад наутро се будам со звуци на чукање брчење, трескање. Па живци – кабли да имавме ќе попуштеа. Загадено и валкано – стандард. Брза помош и пожарна стасува со помош на трикови и магија.

На мојата улица речиси и да нема игла кај да фрлиш и уште се гради! Со болно дете со температура се паркирам цели 15 минути подалеку од местото каде што живеам или влечам торби од набавка по неколку кварта. Се чувствувам тескобно, небезбедно, неслободно. Уморна сум од врволицава, страв ми е веќе и велосипед да возам по овие улички… пред една година за влакно еден потпијанет и забрзан ќе ме кренеше на хауба.

Мечка веќе ја нема, отишол курбан и еден автомобил отспротива. За година две можеби ќе излезе на виделина промислата и зад овој пожар. Кој е следниот?“, прашува Петревска-Георгиева.

Извор: Фејсбук-профил на Мимоза Петревска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ресторан изгоре во скопско Дебар Маало, а запалени биле и патнички возила

И припадници за АРМ помагале при пожарот во Дебар Маало: Евакуирале семејство со две деца кое барало помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По што Лила ќе ја памети годината што изминува

Редакција

За Нова Година топло време, температура до 16 степени

Редакција

Следува период на нестабилно време со засилен ветер и грмежи

Редакција