еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сведоштво: Жената што проси на Бит Пазар секогаш е со успиено бебе, на прашањето со што го успива станува агресивна

Мерсиха Смаиловиќ од организацијата „Легис“ упати апел на социјалните мрежи да не им се даваат пари на жените со бебиња, посебно кога бебето очигледно е успиено со кој знае какви средства.

„Женава на слика постојано е на раскрсница на Бит Пазар со дете во раце кое секогаш е успиено. На прашање, зошто секогаш детето спие и што му дава за да го успие дури пет часа питачи, станува агресивна и сака да нападне.

Апел да не им давате пари на жените со бебиња, посебно кога бебето е очигледно успиено со којзнае какви средства. И прашање што да се превземе? За референца прочитајте ја статијата „Зошто децата на питачите спијат“.

Пред неа, ни јас не бев свесна за ваквите случаеви“, вели Смаиловиќ на нејзиниот фејсбук-профил.

Таа се јавила во МВР да пријави, но и рекле дека не се надлежни за вакви случаи.

фото: Фејсбук-профил на Мерсиха Смаиловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Софијанова: Зголемен е бројот на деца заразени со омикрон сој, кој дава клиничка слика слична на грип

Редакција

Опожарени автомобилите на пејачките Сузана Турунџиева и Ребека

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Редакција