еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Светот може да се инспирира и да се создаде иднината само преку збогатување на животите на луѓето и придонесувајќи кон општествениот напредок

Во предновогодишниот период се појавија некои информации за скромна посета на претставници од Samsung во СОС Детско село во Скопје. Но, што се крие зад нивната приватна декемвриска посета во селото?

Марјан Блажевски од Samsung Македонија, кога му се јавивме првиот пат, го започна нашиот разговор со прашањето: „Има ли нешто што инспирира повеќе од среќата на луѓето?“ Тој продолжи како Samsung, на глобално ниво, има визија каде тие сакаат да го инспирираат светот и да ја создадат иднината. Тоа природно може да се постигне само преку збогатување на животите на луѓето и со придонесување кон општествениот напредок.

Тоа е најдобриот начин да се види кои се најважните работи во животот. Мотивирани од истото, Samsung донира во заедници ширум светот.

Тие донираа Samsung производи и за СОС Детско село во Скопје и одлучија да ги посетат децата и сите заедно да ги бојадисуваат најомилените места на децата во самото село за истите да бидат поубави, да инспирираат насмевки и едноставно – да се забавуваат и да се заборави на најголемите проблеми во животот барем на еден момент.

Овие денови се исполнети со празничен дух и прекрасно е да се види како луѓето се заедно, посебно луѓето од целиот свет како глобалната јужно-корејска компанија, која им помага на СОС Детско село во Македонија, а е оддалечена скоро 8.500 километри.

Кога и најмалите придонеси на донации, поддршка, помош и љубов се даваат со отворено срце и кога постојат луѓе кои ве подржуваат, тогаш секој може да се чувствува дека ниту ѕвездите не се лимит во животот и како со секоја мала поддршка и помош, буквално сѐ е можно.

Тоа е дефинитивно пример кој вреди да се сподели и продолжи – најмногу од оние кои се во можност барем малку да подобрат нечиј живот. Сѐ што е потребно е само желба да бидеме подобри. Компании, забележете ги овие работи.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ ќе овозможи работилници против врсничко насилство и за учениците од Струга

Редакција

(Фото) На денот на љубовта доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Редакција

(Фото) Прва донација на Силк Роуд Банка во рамки на долгорочното партнерство со Клиниката за детски болести

Редакција