еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Светот пред ново искушение, новиот вирус корона се пренесува од човек на човек

Светската здравствена организација (СЗО) за в среда свика вонреден состанок за да процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина.

Агенцијата на ОН го најави состанокот откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек на човек.

Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика в среда и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, соработка и финансирање во борба против вирусот.

Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.

По Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд,  прв сомнителен случај на коронавирусот и во Австралија

Едно маж што се вратил од Кина во Австралија е ставен во карантин откако се пожалил на симптоми на корона вирусот и тој е во карантин во градот Бризбејн.

Мажот неодамна се вратил од кинескиот град Вухан, каде се регистрирани најголем број случаи на воспаление на белите дробови. Испитувањето треба да покаже дали тој се инфицирал или не од коронавирусот.

Кинеските власти вчера соопштија дека е регистриран трет смртен случај и 139 нови заразени и потврдија дека вирусот се проширил и во Пекинг.

– Со ова бројот на регистрираните случаи на болеста достигна 201, а 170 пациенти се уште се во болница. Деветмина се во критична состојба, соопштија здравствените власти во градот Вухан, Централна Кина.

Случаи на болеста поврзани со новиот корона вирус веќе се регистрирани и надвор од Кина – два на Тајланд и еден во Јапонија. Сите заболени се по потекло од Вухан или неодамна го посетиле градот.

И Јужна Кореја соопшти дека е регистриран првиот случај на болеста во земјата. Тој е откриен кај Кинеска која пристигнала од Вухан.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Коронавирусот припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром). Новиот вирус спаѓа во истиот тип корона вируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром како САРС.

Во епидемијата на САРС во 2002 и 2003 година починаа речиси 800 луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Плацеви на Водно“: Денеска пресуда за „тајниот“ имот на Груевски

Редакција

Прва меѓународна конференција за Цефиксим во Истанбул, поддржана од „Алкалоид“  

Редакција

Граѓанските организации се повлекоа од процесот на изработка на новиот Кривичен законик

Редакција