еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Светозар Јаневски: Направивме развој од граница до граница, а зборуваме за свет без граници

Направивме развој од граница до граница, а во исто време зборуваме за свет без граници и за слободна економија, изјави еден од најпознатите македонски бизнисмени и претседател на Управниот одбор на винаријата „Тиквеш“, Светозар Јаневски за српската агенција БЕТА, посочувајќи дека за напредок е клучно да се промени начинот на размислување.

Тој додава дека регионалната соработка најмногу ја кочи затвореноста на секоја земја во рамките на своите граници.

Јаневски како охрабрувачки го оцени неодамнешното отворање на заеднички граничен премин меѓу Србија и Северна Македонија, кој се очекува да го забрза протокот на стоки.

Според него, најголем проблем со кој се соочува регионот е миграцијата на работната сила, па затоа е важно да се најде начин да бидат задржани работниците.

Тој потсети дека земјоделското производство преставува традиција во сите земји од регионот и дека со него сè уште се занимаваат голем број луѓе, поради што во сегашните околности е предизвик да се направат чекори за зголемување на конкурентноста на аграрот, како на државно, така и на регионално ниво.

Јаневски вели дека се залага и за дигитализација во сите сегменти, но смета дека на краток рок ова не е доволно за успех на државите кои својот раст во голема мера го засноваат на земјоделството.

„Дигитализацијата на краток рок не може да го направи она што може земјоделството“, вели Јаневски.

Целиот разговор ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски доби подршка од Алијанса за Албанците, Гаши да биде мандатар на преодна влада до предвремени избори

Редакција

Жалам што Израел наместо хуманитарна пауза, ги интензивираше своите воени операции, вели генералниот секретар на ОН

Редакција

Драган Китановски на местото на Томислав Давков во Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“

Редакција