еМагазин
Image default
Бизнис

Светската банка паузира со издавањето на „Дуинг бизнис“ поради нарушена етика

Светската банка (СБ) донесе одлука да паузира со извештајот „Дуинг бизнис“, кој еднаш годишно дава опширен преглед за условите за водење бизнис во разни земји. Како што се наведува во соопштението на СБ, одлуката е донесена поради неодамна откриени нерегуларности во подготовката на изваштаите за 2018 и 2020 година.

Менаџментот на СБ започнал серија ревизии и проверки на извештајот и неговата методологија. Се наведува дека се подигнати прашања за етиката на поранешни вработени, вклучуваќи го однесувањето на сегашни и поранешни вработени и членови на бордот.

Новински извештаи укажуваат дека истрагата е насочена кон работењето на поранешната извршна директорка Кристалина Георгиева.

-По изучувањето на целата моментално достапна информација во однос на Дуинг бизнис, вклучително и двата претходни извештаи, ревизии и извештајот објавен денеска од бордот на директори, менаџментот на Светската банка донесе решение за запирање на (подготовката на публикацијата) на извештајот, се вели во соопштението.

Како што објавија денеска американските медиуми повикувајќи се на започната независна истрага, првите лица на СБ и некогашната извршна директорка Георгиева, ги држеле „под притисок“ вработените да го подобрат рејтинот на Кина во „Доинг бизнис“ за 2018 година.

Во извештајот, подготвен од адвокатската фирма „ВилмерХејл“ по барање на комисијата за етика на банката, се изразува загриженост дека Кина вршела големо влијание во СБ и врз одлуките на Георгиева, која сега е извршен раководител на Меѓународниот монетарен фонд, како и врз тогашниот претседател на СБ, Џим Јонг Ким.

Во изјава за медиумите, Георгиева укажа дека „фундаментално“ ги оспорува „наодите и интерпретациите“ на извештајот и дека за ова го брифирала извршниот борд на ММФ.

За ова се загрижи и американското Министерство за финансии, кое е доминантен сопственик на акциите на ММФ и СБ, од каде изјавија дека „се анализираат овие сериозни наоди“.

Капацитетот и способноостите на Георгиева како лидер и тогашна извршна менаџерка на СБ денеска ги искритикува и Пол Ромер, нобеловски лаурет од областа економските науки.

Во интервју за „Франс 24“ тој укажа дека постои „недостаток на интегритет“ меѓу првите лица на СБ, вклучувајќи ја и Георгиева.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tриглав Осигурување во првиот квартал со добивка

Редакција

Национален план за производство на храна: Каква поддршка ќе добијат земјоделците и како ќе ја користат

Редакција

Канадска „Магна“ по инвестицијата во Струга, почна со изградба на нова фабрика во Штип

Редакција