еМагазин
Image default
Балкан

Светски aгенции: Десничари ја нападнаа полицијата во Србија и ги предизвикаа немирите

Светските агенции во извештаите за синоќешните протестите во Белград и Нови Сад, пишуваат дека десничари ја нападнале полицијата во Србија и ги предизвикале немирите.

Американската АП посочува дека силите за јавна безбедност, полицијата, коњаницата и специјалните анти-терористички сили во заедничка акција користеле солзавец и оклопни возила при разбивање на насилните, претежно екстремно десничарски демонстранти.

Би-Би-Си известува дека демонстрациите во Белград почнале како мирни, но дека ескалирале кога припадници на екстремно десничарските организации им се придружиле на незадоволните граѓани и со своите агресивни напади врз припадниците на безбедносните сили ги предизвикале полициските реакции.

Како иницијална причина за демонстрациите, репортерот на Би-Би-Си го наведува повторното воведување на рестриктивните мерки и сомневања дека владата го прикривала „точниот број на смртни случаи во текот на првите недели од епидемијата на коронавирусот во Србија“.

Други западни медиуми информираа и за демонстрациите во Белград и Нови Сад, тврдејќи дека и полицајци и демонстранти се повредени и дека околу зградата на парламентот, претседателството и другите институции се поставени полициски барикади и нагласено големи сили на редот.

АП објави дека непосредна причина за демонстрациите во Белград и Нови Сад е најавата за повторно воведување на полициски час и други, построги мерки против ширење на коронавирусот.

Иако претседателот Александар Вучиќ вчера одржа прес-конференција и најави дека Кризниот штаб решил да не воведува полициски час во Белград, тоа не ги поколеба огорчените демонстрантите од обидот и синоќа да изведат насилен упад во зградата на српскиот Парламент, фрлајќи камења и шишиња кон полицијата, соопшти агенцијата.

Ројтерс потсетува дека насилните протести започнале завчера и покрај предупредувањата дека секој јавен собир носи ризик од ширење на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ за протестот во Белград: Најбрутално политичко насилство во Србија во последните неколку години

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени од протестот во Белград

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

МИА/Фото: Твитер/Ана Вукас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчката опозиција го „подбра“ Мицотакис за Договорот од Преспа

Редакција

Бојко Борисов поднесе оставка

Редакција

Построги мерки во Грција заради делта сојот на коронавирусот: Нема забави, само гости на маса во баровите

Редакција