еМагазин
Image default
Македонија

Свиркачот Костовски пред судот појасни како изгледа датотеката со логови на прислушувани лица

Во Кривичен суд на „Таргет-Тврдина“, денеска се презентираа докази од хард дискот одземен од службениот комјутер на сведокот Звонко Костовски во кој има логови со снимени разговори од каде Костовски ги вадел „бомбите“ и ги предавал на Зоран Верушевски преку Ѓорѓи Лазаревски.

На прашање на специјалната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристовска, Костовски појаснувајќи го на мониторот во судот презентираниот лог од разговорите, рече дека на посочениот пример има експортирана СМС порака.

– Прво е името на фајлот како број што се појавува само еднаш. Потоа е ИД бројот односно телефонски број на лицето кое се следи. Има мала биква „б“ што значи дека овој број е маркиран по втор пат за да се разликува од оние кои се следени само еднаш, појасни Костовски како изгледа еден лог со таргет, избран по случаен избор на СЈО, од хард дискот од неговиот компјутер.

Претходно одбраната се противеше на изнесување на овој доказ со образложение дека не било дозволено на сведокот да му се презентира материјал на кој тој ќе се присетува и ќе дава појаснување.

Судечкиот совет не го прифати приговорот, бидејќи, како што рекоа, обвинителите појаснија дека нема да се чита содржина на  прислушувани СМС преписки или пак разговори, туку дека сведокот само ќе појасни како изгледа датотеката со логови на прислушувани лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свиркачот Костовски на Верушевски му предал само околу 5% од вкупно прислушуваните материјали во УБК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можеби нема да се менуваат регистарските таблички, туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници

Редакција

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Редакција

Македонија преку ЕУ ќе добие пристап до лекот „ремдесивир“

Редакција