еМагазин
Image default
Локално

СВР Тетово: Не објавувајте на социјалните мрежи дека не сте дома за да не привлечете крадци

Тетовската полиција инфомира дека започна со имплементација на нов превентивен проект „Превенција од тешки кражби“ чиј носител и координатор на активностите е Отсекот за превенција.

Во рамките на проектот планирани се вкупно 27 средби со граѓани во урбани, месни заедници и куќни совети, кои ќе бидат оргнизирани во Тетово, Гостивар, Пирок, Чегране, Врапчиште, Челопек, Неготино, Дебреше и во други места на подрачјето.

-Граѓаните поблиску ќе се запознаат со формите и начините за најефикасна заштита од вакви кражби. Одлуката средбите да бидат во екот на сезоната на летни одмори е поради тоа што голем број граѓани подолго време отсуствуваат од куќите и становите или ги оставаат своите возила во дворовите.

На граѓаните, посебно ќе им се обрне внимание да не постираат информации и фотографии на социјалните мрежи дека моментно не се дома, туку дека се наоѓаат во некој туристички центар, задолжително да ги заклучуваат вратите, да ги затвораат прозорците и квалитетно да ги обезбедат објектите со наменска алармна или друг вид опрема, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај средбите и апелите по медиумите, предвидено е зајакнување на полициските патроли во вечерните часови, кога и најчесто се извршуваат ваквите кражби, најмногу во куќи и станови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈСП: Од задутре повторно бесплатен јавен превоз за пензионерите

Редакција

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Редакција

Тепачка меѓу малолетници во Скопје

Редакција