еМагазин
Image default
Локално

СВР Тетово одржале средби со навивачките групи: Договорени мерки за релаксирање на односите

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.

„На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања.

Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите.

На денешните средби произлезе и иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти“, информираат од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачката група „Војводи“: Згрозени сме што не ставаат во ист кош со „Балистите„

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест​

Редакција

Обезбедено згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

Редакција

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција

Редакција