еМагазин
Image default
Македонија

СВР Тетово предупредува на измами со наводни пораки од српското МВР

Предупредување дека се можни жртви на измама денеска испрати до јавноста СВР Тетово по неколкуте пријави до нив дека граѓани и правни лица добивале наводни пораки од српско Министерство за внатрешни работи. Од граѓаните било барано да ги контактираат испраќачите со цел да не бидат регистрирани како сексуални престапници.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека во последно време  до физички и правни лица од тетовско-гостиварското подрачје зачестено се испраќаат пораки од лица кои во пораките им се претставуваат како наводни функционери на српското Министерство за внатрешни работи и  ги известуваат дека против нив се покренати наводни судски постапки за педофилија, сајбер порнографија или други кривични дела.

Покрај ова, во испратените пораки од нивните приматели се бара во рок од 72 часа да контактираат со испраќачите за да не бидат процесуирани кај јавен обвинител, да не бидат регистрирани како сексуални претстапници и да не бидат медиумски експонирани, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Граѓаните да не ги отвораат ваквите пораки, апелира СВР Тетово, а ако веќе ги отвориле, да се обратат во најблиската полициска станица за преземање соодветни мерки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени уште 16 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.367

Редакција

Заев: Време е за нова лидерска средба за СЈО, изборите и сите отворени прашања

Редакција

МВР забрани влез за европратеникот Ковачев и Врабевски, реагираше бугарското МНР

Редакција