еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Коронавирусот предизвикува поголема смртност отколку сезонскиот грип

Околу 3,4 проценти од луѓето кај кои е потврден Ковид-19 починаа, што е далеку повеќе од стапката на смртност од сезонски грип, што е под еден процент, но ширењето на новиот коронавирус може да се запре, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

– Да сумираме, Ковид-19 се шири помалку ефикасно од грипот, не се пренесува од луѓе кои не се болни, предизвикува заболување потешко од грип и сè уште за него нема вакцини или лекови, но може да се запре неговото ширење, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на конференција во Женева.

По средбата со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, Гебрејесус рече дека е прерано за одлука за одложување на Летните олимписки игри, кои во јули треба да се одржат во Токио.

– Мислам дека сега е прерано да се носи одлука за тоа, треба да се следи ситуацијата, рече генералниот директор на СЗО.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов биланс: Од коронавирусот во светот заразени 93.191, досега починале 3.203, а 50.984 лица оздравеле

Тројца патници од Италија и Шпанија тестирани на коронавирус, резултатите негативни

Ќе се набавуваат термални камери за Инфективна клиника и опрема за заштита од корона вирусот за повеќе институции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски им додели Орден за заслуги на седуммина уметници

Редакција

„Професорот“ Османи уствари е Вучиќ по Али експрес„: Твитер реакции за објаснувањето на преговарачката рамка од министерот Османи

Редакција

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Редакција