еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Пандемијата на коронавирусот се забрзува

Пандемијата на коронавирусот се забрзува со повеќе од 300.000 случаи, колку што досега се регистрирани ширум светот и речиси во секоја земја, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус.

Тој ги повика политичарите на посветеност и кажа дека неделава ќе и се обрати на групата од 20 светски лидери и ќе ги замоли да работат заедно на засилувањето на производството на виталната заштитна опрема за здравствените работници, пренесоа британските медиуми.

Извршниот директор за вонредни состојби во СЗО, Мајк Рајан, кажа дека одлуката за (не)одржувањето на Олимписките игри во Токио верува дека ќе се донесе многу брзо.

– Ги имаме сите уверувања од јапонската Влада и ИОК дека ЛОИ нема да се организираат доколку во опасност бидат доведени спортистите и набљудувачите – изјави Рајан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

17 починати и 695 лица заразени со коронавирусот во Грција

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во потешка состојба 28 пациенти заболени од корона вирусот

Редакција

Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски, велат од Кабинетот по дојавата за бомба

Редакција

За што е осуден Беким Мемети, кој избега од Идризово и рани затворски полицаец

Редакција