еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Светската здравствена организација (СЗО) не препорачува здравите граѓани да носат маски, бидејќи коронавирусот се шири преку капки, а не преку воздушен пренос, истакнаа официјалните лица на СЗО на брифингот со новинарите.

Од СЗО велат дека маските треба да ги носат оние кои се заразени или оние кои се во близок контакт со нив.

„Луѓето кои се грижат за болните треба да носат маски за да се заштитат себе си и да спречат понатамошно пренесување низ семејната единица.

Во моментов, луѓето со најголем ризик од овој вирус се здравствените работници во првите редови, кои се изложени на вирусот секоја секунда од секој ден,“ рече Мајкл Ј. Рајан, главен извршен директор на Програмата за здравствени вонредни состојби на СЗО.

Експертите истакнаа дека носењето маска може да обезбеди погрешно чувство за безбедност, што доведува до тоа некои да станат помалку претпазливи во поважните мерки за хигиена, како што е миењето на рацете.

Исто така отстранувањето на маска за да не го покрива повеќе носот или допирањето на надворешната страна на маската може да ја направи помалку ефикасна.

Министерот за здравство, Венко Филипче на почетокот на кризата со корона вирусот во државата, на прес конференција исто така истакна дека здравите луѓе не треба да носат маски, туку само болните, за да ги заштитат здравите. Тој тогаш додаде дека, дури е полошо ако се носи маска, бидејќи ако на нејзе има вирус, при ставање или вадење лесно здравиот може да се зарази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот 329: Нови 44 случаи, 23 од Куманово

Вкупно девет починати: Двајца мажи жртви на корона вирусот, едниот на 45 години другиот на 78

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КПУ Идризово склучи договор со Фодулмак вреден 725 илјади евра

Редакција

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка

Редакција

(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег

Редакција