еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Првите резултати за лек против корона вирусот ќе ги имаме за две недели

Светската здравствена организација (СЗО) во рок од две недели ги очекува првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои би можеле да бидат ефикасни во лекувањето на пациенти со Ковид-19, соопшти денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан на прес-брифинг изјави дека не би било паметно да се предвидува кога вакцината против Ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна дистрибуција.

Како што рече, иако кандидатот за вакцината би можел да се покаже како ефикасен до крајот на годината, прашање е колку брзо може да почне масовно производство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азербејџан и Ерменија разменија тела на 200 убиени во Нагорно Карабах

Редакција

(Видео) Г.г. Стефан повика на сенароден собир против законот за родова еднаквост и матична евиденција

Редакција

(Вознемирувачко видео) 20 лица загинале во Доњецк во наводен напад на украинската војска

Редакција