еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: Реална закана за пандемија од корона вирусот, заразени над 111.000 луѓе

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 111.758 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.891 лице, а 62.679 оздравеле.

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потенцираше дека заканата за пандемија е „многу реална“.

„Но тоа би била прва пандемија во историјата која би можеле да ја контролираме, вели претседателот на СЗО. Мора да запомниме дека со секоја правовремена одлука можеме да го забавиме коронавирусот и да спречиме нови зарази. Меѓу оние кои се заразени, повеќето ќе оздрават“, потенцира Гебрејесус на Твитер.

Во Кина веќе 70 отсто од заболените оздравеа, појасни Гебрејесус, истакнувајќи дека дури 93 отсто од сите случаи на зараза се забележани во само четири држави.

Тој додаде дека се потребни до шест седмици за лице да се опорави од коронавирус, додека кај потешките случаи тој период може да биде и неколку месеци.

Нови моменти поврзани со корона вирусот:

– Во Босна и Херцеговина е потврден четврти случај на Ковид-19.

– Кипар ги пријави првите два случаи на зараза со коронавирус. Со тоа овој вирус е потврден во секоја земја од Европската унија.

– Во Германија се забележани првите два смртни случаи од Ковид-19.

– Во Шведска е заразена личност која не била во контакт со други заразени и која не патувала надвор од земјата.

– Во Србија потврден втор случај на коронавирус, овојпат кај кинески државјанин.

– Четврт смртен случај во Велика Британија.

– Нов четврт случај на зараза со коронавирус потврден во Република Српска. Заразена е ученичка која била во близок контакт со лице претходно инфицирано од Ковид-19.

– Хрватска воведува нови построги мерки поради Ковид-19. Странските државјани кои влегуваат во Хрватска од земјите каде има жаришта на заразата ќе бидат во задолжителен карантин 14 дена, а хрватските државјани ќе добијат решение за самоизолација.

– Словенечката Влада донесе одлука со една милијарда евра да и помогне на економијата да ги ублажи последиците кои ги трпи поради коронавирусот.

– Во Њујорк се потврдени 142 случаи на зараза.

– Службата за цивилно воздухопловство на Грција денеска соопшти како превентивна мерка за заштита од Ковид-19 привремено одложување на сите летови од и кон северна Италија во следните две седмици.

– Четири држави од ЕУ имаат повеќе од 1.000 заразени – Италија 7.375, Франција 1.209, Германија 1.164 и Шпанија 1.050.

– Словенечките здравствени власти денеска потврдија четири нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 23 лица.

– Потврдени нови 11 случаи на коронавирус во Грција, вкупно 84.

– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не се залудни мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус, појаснувајќи дека на тој начин „се купува драгоцено време“.

– Прв случај на коронавирус е потврден меѓу вработените во Европската комисија, изјави денеска портпаролка на Комисијата, додавајќи дека жената која се вратила од Италија се наоѓа во карантин од минатата недела.

– Петти француски пратеник заразен со коронавирус и се наоѓа во болница.

– Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани донираше 1,25 милиони евра на четири италијански болници и националната Агенција за цивилна заштита, настојувајќи да придонесе за спречување на ширењето на коронавирусот во Италија.

– Во Иран 27 лица починаа од труење со алкохол, по гласините дека алкохолните пијалаци лекуваат од новиот коронавирус.

– Во Велика Британија има 319 случаи на зараза, а вчера беа 271.

– Полска воведува санитарни контроли на границата со Германија и Чешка заради спречување на ширењето на заразата. Таму има 16 лица заразени, од кои пет се евидентирани денеска.

– Бритиш ервејз и изиЏет ги откажаа летовите кон северна Италија.

– Нови случаи на коронавирус потврдени во Малезија, Филипини и Хонг Конг.

– Кина ќе испрати пет милиони заштитни маски за лице во Јужна Кореја, со цел да и помогне на земјата во справувањето со коронавирусот.

– Индија го замени звукот на звонење во слушалка со совети за превенција на заразата со коронавирус. Додека чекаат соговорникот да им се јави, Индијците слушаат здравствени совети.

– Претседателот на Финска, Саули Нинисто го укина ракувањето во неговата канцеларија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црно ни се пишува кога лекарка не ги почитувала препораките за корона вирусот

Осум лица се тестираат на корона вирусот, околу 200 се во домашна изолација

(ВИДЕО) Морничави сцени од Италија: Коронавирусот ги испразни улиците

(ВИДЕО) И Пјаченца во Италија, каде работат илјадници Македонци во карантин поради коронавирусот

Се затвора Клиниката за кожни болести во Скопје и кожното одделение во Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имав поддршка од Заев, но „Меѓународен сојуз“ не добил еден денар државни пари, кажа Боки 13 на судењето за невладината

Редакција

(Галерија) Скопје „искулира„: „Chill The Funk Out!“, конечно убава журка во парк

Редакција

Во Кочани се сумираат штетите од синоќешното невреме, градоначалникот Папазов ги повика граѓаните да пријават материјална штета

Редакција