еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Во сообраќајни несреќи во светот годишно гинат 1,35 милион лица

Во најновиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) се наведува дека една од најголемите причини за смртност во светот се сообраќајните несреќи.

Во сообраќајни несреќи во светот годишно гинат 1,35 милиони луѓе, што приближно е еднакво на вкупниот број на население на Копенхаген.

Во извештајот на СЗО се посочува дека најчеста причина за смрт кај децата и младите лица на возраст од пет до 29 години е страдањето во сообраќајни несреќи.

Највисока стапка на смртност на патиштата во однос на бројот на жители е во Африка, каде на 100.000 луѓе годишно гинат 26,6 лица, додека најмала стапка е во Европа (9,3 на 100.000). Светскиот просек изнесува 18,2 на 100.000 луѓе.

СЗО наведува дека една-четвртина од сите загинати на патиштата во светот се пешаци и велосипедисти. Тој процент е многу поголем во Африка (44) и во источен Медитеран (36 отсто).

Околу 28 проценти од загинатите се мотоциклисти и нивните сопатници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување во Израел: Третата доза штити 97% од тешко заболување од Ковид-19, 16 дена по аплицирањето

Редакција

(Видео) Путин на масовен митинг: Главната цел на руската операција е ослободување на Донбас

Редакција

Илон Маск стана газда на Твитер

Редакција