еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Во светот 116.460 заразени од корона вирус, се проценува дека мнозинството ќе се излекуваат

Дури 93 отсто од вкупно заболените од коронавирусот во светот се од четири држави, соопшти денеска Светската здравствена организација, со проценка дека мнозинството од пациентите ќе се излекуваат.

Во светот, според податоците до 16 часот, има вкупно 116.460 заразени, од кои починати се 4.091, а излекувани се 64.750 пациенти.

Најголем број заболени има во Кина, од каде и изби епидемијата. Таму има 80.761 случај на заболени од Ковид-19 (3.136 починати). Следува Италија со 9.172 случаи (463 починати), па Иран со 8.042 заразени и 291 починат и Јужна Кореја со 7.513 заразени и 54 починати.

Во Европа, освен Италија, најмногу заразени има во Шпанија (1.650 заразени/35 починати), Франција (1.412 заразени/30 починати) и Германија (1.307 заразени/двајца починати).

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот

Детална листа: Вкупно 19 мерки и активности против ширење на корона вирусот

МНР повика да не се патува во Италија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас

Редакција

Се споија одделите за камиони на Дајмлер и Тојота

Редакција

Над 200.000 починати од корона вирусот во светот

Редакција