еМагазин
Image default
Свет

Тајландски лекари тврдат: Микс од лекови за грип и ХИВ помогналe за лекување на заболени од новиот коронавирус

Тим на лекари од Тајланд соопшти дека употребата на комбинација на лекови против грип и ХИВ довела до значително подобрување на состојбата на неколку пациенти сериозно заболени од новиот коронавирус.

Лекарите во болницата „Раџавити“ од Бангкок објавија дека новиот третман значително го подобрил здравјето на неколку пациенти во рок од 48 часа од давањето на првата доза.

Меѓу пациентите била и една 70-годишна жена од кинески Вухан, која се заразила со вирусот пред 10 дена.

Бројот на починати во Кина во епидемијата на коронавирусот до вчера се зголеми на 362, што е зголемување од 58 лица во однос на претходниот ден, соопшти Националната здравствена комисија.

Од новите смртни случаи дури 56 се забележени во провинцијата Хубеи, додека едно лице починало во покраината Чонгинг.

Во Кина се регистрирани уште 2.829 заболени лица, па вкупниот број сега изнесува 17.205 заболени.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мапа: Црниот биланс од коронавирусот порасна на 305 лица, прв смртен случај надвор од Кина

(Видео) Научно-фантастични снимки од Кина: Дронови ги предупредуваат луѓето што не носат маски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ураганот „Мајк“ зајакна: „Со децении не сме виделе вакво нешто”

Редакција

(Видео) Масакар во Тексас: Најмалку 20 лица се убиени во продавница на „Волмарт“

Редакција

Медведев: Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија

Редакција