еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Договорот од Преспа е централната тема на насловните страници на речиси сите денешни, неделни изданија на грчките весници, а дел од нив, го пренесуваат и целиот текст од договорот.

МИА пренесува дел од насловните страници на медиумите:

„Авги“, весникот што важи за гласило на СИРИЗА има интервју со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вели дека договорот е историски чекор за двете земји, а ратификацијата е патриотска должност.

Весникот „Реал њуз“ има интервју со вицепремиерот Бујар Османи, под наслов „Грција е главниот гарант за нашите евроатлантски амбиции“.

Весниците „Етнос“ и „То Вима“, под насловите „Тајните на Преспа“ и „Во стапицата на Преспа“ ги анализират последните случувања на грчката политичка сцена во пресрет на ратификацијата на Договорот.

Десничарско ориентираниот, опозициски весник „Прото тема“, пренесува резултати од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата за рејтинг „Марк“, според кое 66 отсто велат „не“ за Договорот од Преспа, а 67.4 отсто од испитаниците бараат избори најдоцна до мај.

Како што најавија од грчката Влада, за граѓаните да бидат објективно информирани, спроведоа кампања и Договорот од Преспа го доставија до весниците за да го објават во целост, а во дел од денешните изданија на весниците излезе целиот текст од договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Стотици автобуси со знамиња со Александар и сонцето од Вергина и тапани тргнаа за Атина на протест за името Македонија

Атина пред „експлозија“: Масовни протести и контрапротести за името, 1.500 полицајци, дронови и хеликоптери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви купува автомобил за 1,6 милиони денари

Редакција

20 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 16 во Скопје

Редакција