еМагазин
Image default
Македонија

Тајните снимки за „Рекет“ открија дека Кичеец бил во Влада

На денешното рочиште за “Рекет“ на кој се прикажуваат снимки од ПИ мерки на МВР, беше прикажана и снимка од третообвинетиот во случајот, Зоран Милески-Кичеец, кој ја призна вината и доби три години затвор, како влегува во македонската Влада.

Според снимката за која немаше објаснување од страна на Обвинителството, Кичеец на 3 јули влегува во Владата од задниот влез, се задржува кратко и излегува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тајните снимки за „Рекет“ откриваат дека Боки 13 ја посетувал Јанева во нејзиниот дом

Нови снимки од ПИ мерките за „Рекет“: Боки-13 и Кичеец биле снимани во „Воденица“ и „Интермецо“

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот во “Рекет“, Бојан Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а второобвинетата, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Владата да направи се платите на функционерите да останат на нивото како досега, бара Пендаровски

Редакција

(Видео) Објавени нови имиња од аферата на ВМРO-ДПМНЕ, “Тајни имоти“

Редакција