еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Тајван стана првата земја во Азија што ги легализира истополовите бракови

Парламентот во Тајван донесе одлука за легализација на истополовите бракови. Со ваквата одлука Тајван стана првата земја во Азија која дозволува легална брачна заедница меѓу лица од ист пол.

Ваквата одлука имаше многубројни приговори од конзервативните политичари, а доаѓа откако во 2017 година Уставниот суд пресуди дека истополовите двојки имаат право законски да стапат во брак.

Парламентот доби рок од две години и требаше да ги усвои измените до 24 мај. Пратениците дебатираа за три можни закони, меѓу кои и два понудени од конзервативците.

Тие предлагаа наместо „брак“, терминот да се дефинира како „граѓанска заедница“ или „семејни врски“. Предлозите беа отфрлени, а најпрогресивниот од трите предлози беше усвоен.

Голем број истополови двојки излегоа на улиците да ја прослават одлуката на Парламентот.

Фото: Star observer

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: „Им ја должиме вистината на граѓаните, кризата ќе биде долга и тешка“

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски на средбата со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј разговарале и за прашањето за решавање на статусот на МПЦ

Редакција

Фон дер Лајен: Вакцинацијата во ЕУ почнува на 27 декември

Редакција