еМагазин
Image default
Македонија

Тачи по средбата со Заев: ДПА би прифатила кандидат од власта

Владата треба да продолжи со нормализација на ситуацијата и внатре во државата и надвор. Со нормализација на функционирање на институциите на системот затоа што пред нас имаме многу важни задачи, како што се отворање преговори за интеграција во ЕУ и ратификација на нашето членство во НАТО од страна на парламентите на државите што се членка на НАТО.

Ова вечерва го изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи по средбата со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во Клубот на пратениците.

– Разговаравме за неколку имиња, но оставивме да се вратиме во нашите партии, да разговараме со нашите структури и потоа заедно да одлучиме кое е името што котира највисоко, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Тачи рече дека би било добро да се номинира кандидат на Владата што значи, како што рече, продолжување на нормализација на оваа политика.

– Не би било коректно да истакнеме некој кандидат денеска. Се договоривме да се вратиме во партиите и потоа да имаме уште една средба, а истакнувањето да биде во симболика на заеднички кандидат, а не на кандидат на оваа партија или онаа, изјави Тачи.

МИА/Фото: Тачи/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: „Алтерантива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

Гаши по средбата со Заев: Поприфатлив е натпартиски заеднички кандидат за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР изрече 528 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие

Редакција

Едно лице заразенo и едно излекувано од коронавирусот во Кичево

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 558 казни за неносење маска

Редакција